NDR Villa | НДР Вила

Rahat, Mudon, Dubai | 2023

Проектот за внатрешен дизајн на двокатната вила во Дубаи е наменет за создавање на хармоничен и пријатен простор преку комбинирање на топли бои и иновативни функционални елементи.

Првото ниво има комфорна дневна соба каде што доминираат дрвени елементи во светли нијанси коишто даваат оптимален контраст со модерните црни плакари во кујната. Овој проект предвидува две посебни простории за ужина - трпезарија со столици во портокалова боја кои додаваат живост на неутралните тонови и соба за појадок со жолти столици кои будат енергија во утрото. На ова ниво има и библиотека која овозможува тивка атмосфера. Таа е стратешки поставена до собата за играње која е идеална за надзор на децата.

Второто ниво е истовремено и комфорно и софистицирано. Поседува соба за рекреација на фамилијата со фокус на овозможување на заеднички активности. Ова ниво се одликува со значителен простор наменет за спиење, како на пр. детска соба со мотиви на вселената во пастелни бои, јасли со дрвени елементи во боја на ментол, како и светла и ведра соба за гости. Дополнително, секоја соба има и посебна бања која овозможува приватност. Сепак, најголем дел од ова ниво е наменет на главната спална соба која интегрира портокалови и црни детали за да додадат чуство на елеганција и длабочина на собата. Истата е придружена со простор за седење, простран плакар и модерна бања.

Преку спојот на природни материјални и палета на бои, се обидовме да овозможиме функционалност и елеганција која би ги задоволила очекувањата на секој член на семејството.

Локација: Дубаи, ОАЕ

Година на проект: 2023 *во изградба

mk_MK