MTD APARTMENT | МТД Апартман

Дубаи Марина, 2023

Целта на овој проект за внатрешно уредување на апартман од 250 м2 во Дубаи Марина е да овозможи спој на естетика и функционалност.

Реновирањето беше насочено кон носење на стратешки одлуки, како на пр. задржување на постоечката платформа во трпезаријата така што зачувавме уникатен елемент од дизајнот. Исто така конвертиравме една од постоечките спални соби во канцеларија/ гостинска соба за да се зголеми функционалноста на просторот во апартманот.

За да го зголемиме просторот и овозможиме уредно опкружување го реорганизиравме постоечкиот распоред и додадовме простор за сладирање позади креветот во главната спална соба. Со тоа, додадовме на целокупниот комфор и елеганција во просторот.

Финалниот резултат од овој проект е модерен дизајн во светли нијанси, смели мермери и акцентирани црни елементи за да се рефлектира уникатниот стил на крајбрежјето на Дубаи.

 

Area: 250m2

Локација: Дубаи, ОАЕ

Година на проект: 2023 *во изградба

mk_MK